домаПолициски час во Грција

Полициски час во Грција

Од денеска стапува на сила полициски час во Грција кој ќе трае една недела.

Како што јавуваат грчките медиуми, во Грција од денес па наредните седум дена ќе се спроведува полициски час. Затворени ќе бидат фризерските салони, книжарниците и некои одредени продавници, а се со цел да се стави контрола на пандемијата за да може училиштата да продолжат со директна настава на 11 јануари.

Полицискиот час ќе се спроведува од 21 часот до 05:00 часот следниот ден.

Верски празници ќе се прославуваат само во кругот на семјеството, црквите нема да ги одржуваат литургиите со присуство на јавноста, а празникот Богојавление на 6 јануари ќе се одржува без публика.                                  Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ