домаПовеќе од 13 милиони Британци го гледаа погребот на принцот Филип

Повеќе од 13 милиони Британци го гледаа погребот на принцот Филип

Погребот на британскиот принц Филип во саботата го следеа повеќе од 13 милиони телевизиски гледачи во Велика Британија.
Едночасовниот пренос на погребот на Војводата од Единбург го следеа 11 милиони луѓе, 2,1 милиони гледаа телевизиски пренос, додека 450 000 луѓе го погледнаа погребот преку „Скај“.
Покрај ТВ-преносот, погребот од Виндзор беше пренесуван и на радио и на неколку канали на „ЈуТјуб“.
До недела наутро, 7,5 милиони луѓе од целиот свет го гледаа преносот на „Би-Би-Си“ преку платформата „ЈуТјуб“.
Иако податоците за преносот на каналот „Јутјуб“ на кралското семејство не се достапни, познато е дека преносот во неделата беше трет на глобалната табела на „ЈуТјуб“.
Во 2002 година, на погребот на Кралицата Мајка во Велика Британија присуствуваа повеќе од 10 милиони луѓе, иако церемонијата беше одржана во вторник, што е работен ден, а во 1997 година, погребот на принцезата Дајана го следеа 31 милиони луѓе , што е рекорден број на гледачи.
„Би-Би-Си“ наведува и дека во 2018 година над 13 милиони луѓе го гледале преносот од венчавката на војводата и војвотката од Сасекс. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ