среда, ноември 20, 2024
домаЖивотПовторно троцифрена бојка на новозаболени, шест починати

Повторно троцифрена бојка на новозаболени, шест починати

Во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу, 100 од Скопје.

По градови денес сликата изгледа вака: Куманово 11, Дебар 1, Штип 6,  Прилеп 1,  Тетово 19, Струга 2, Велес 6, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Кочани 3, Кратово и Свети Николе по 1.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката. На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ