домаНасловнаПожарот во катедралата во Нант од 15 век подметнат?

Пожарот во катедралата во Нант од 15 век подметнат?

Големиот пожар што избувна денес во катедралата Свети Петар и Павле во Нант, најверојатно бил подметнат, соопштија денеска претставниците на државното судство во Франција.

Државниот обвинител Пјер Сене пред новинарите изјави дека избувнале три пожари во катедралата и дека инцидентот се истражува како кривично дело, откако во таа готска зграда од 15-тиот век биле уништени витражите  и оргуљите.

Пожарот го гаснеле неколку десетици пожарникари, а по неколку часа успеале да го доведат под контрола, но има голема штета во внатрешноста на катедралата, иако покривот не е оштетен.

„Најголемата штета е на оргуљите, кои се чини дека се целосно уништени, а подиумот само што не пропаднал“, рече шефот на противпожарната бригада Лорен Ферли.

„По Нотр Дам, во пламен е и катедралата Свети Петар и Павле. Поддршка за пожарникарите  кои се обидуваат да го спасат тој готски скапоцен камен“, објави францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер во врска со пожарот во Нант.

Катедралната црква во Нант настрада само една година откако пожар го уништи покривот и врвот на катедралната кула во катедралата Нотр Дам во Париз.

Ова не е прв пожар кој ја оштетува катедралата Нант – таа беше делумно уништена за време на бомбардирањето во Втората светска војна, а потоа беше оштетена во пожар во 1972 година, а инцидентот следеше при работа на покривот.

Катедралата е повторно отворена во мај 1985 година по повеќе од 13 години работа. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ