сабота, јули 27, 2024
домаПријави за бомби испразнија повеќе трговски центри, МРТВ и 12 средни училишта

Пријави за бомби испразнија повеќе трговски центри, МРТВ и 12 средни училишта

Поради пријави за поставени бомби попладнево се испразнети повеќе локации во Скопје меѓу кои и повеќе трговски центри, МРТВ и 12 средни училишта, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа – се вели во соопштението на МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Вчера беше утврдено дека се лажни дојавите за бомби во 47 училишта во Скопје од кои 38 основни и девет средни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ