Честопати се разболуваме од разни воспаленија, бронхитис и кашлица, а оздравувањето трае долго време. Вирусните инфекции доведуваат до бронхитис, а потоа може да се појави сува или продуктивна кашлица, која може да трае 2 до 3 недели. Многумина, кога ќе се најдат во оваа состојба, ќе тргнат да купат антибиотици. Но, тоа може да ви наштети затоа што антибиотиците никогаш не се користат кога станува збор за вирусно заболување. Тогаш само ќе ја зголемите отпорноста на овие микроорганизми. Затоа е подобро да се свртиме кон природни лекови кои ќе му помогнат на вашето тело да се справи со болеста без несакани ефекти.
ТЕХТ.МК ви ги предлага два „бабини рецепта“ за намалување на кашлицата и справување со болеста…
1. Рецепт
Варете 250 ml млеко, а потоа оставете да се излади на собна температура. Кога ќе се излади, додадете лажица путер и лажица мед. Измешајте ги сите состојки, потоа жолчката и една четвртина лажица сода бикарбона. Лекот земајте го пред спиење најмалку 5 дена за да постигнете подобри резултати. Овој лек е одличен за лекување на кашлица, бронхитис, болки во грлото и трахеит, а може да го користат и деца.
2. Рецепт
Во ѓезве измешајте 2 лажици маслиново масло, 2 лажици вода, 1 лажица мед и 2 лажици сок од лимон и загрејте ги. Пијте во текот на денот, половина пијалок наутро, половина навечер.
Започнете со примена пред да се влошат симптомите на вирусот.