понеделник, декември 23, 2024
домаНаше БебеПристап на децата со Аутистичен спектар на нарушување во детските градинки

Пристап на децата со Аутистичен спектар на нарушување во детските градинки

 

Пишува:
Милена Велјаноска
Вработена во ПДУ„ Светот на Колорес “- Аеродром

Аутизмот е перварзивно развојно нарушување кое во последните години се јавува се повеќе кај децата ( почесто кај машката популација). Ова нарушување трае цел живот, а на почетокот на развојот нарушувањето може да биде и без поголеми тешкотии. Дијагнозата „аутизам “ се поставува врз основа на неколку карактеристики во однесувањето а тоа се: затвореност на детето, страв од промени во околината, одбивање на било каков контакт, никаков закаснет говор или пречки во говорот. Децата со аутизам не реагираат на другите луѓе, избегнуваат контакт со очи и не ги изразуваат своите емоции. За поквалитетно развивање и полесно интегрирање  на децата со аутизам потребна е се поголема соработка со родителите, воспитувачите и стручниот тим : психолог, педагог, дефектолог. Секое дете е индивудуално така што не постои универзален пристап и потребно е да се комбинираат различни методи и пристапи во работата. Децата со аутизам тешко разбираат гестови и мимики, говор на тело,  израз на лице и тон на глас. Вербалните информациии за нив немаат посебно социјално и емоционално значење. Кај овие деца постојат многу необични однесувања како мафтање со рацете, нишање или удирање на главата, а нив можеме да ги разбереме ако ја разбереме дисфункцијата во сензорната интеграција. Имаат  тешкотии и во генерализација односно учат едно однесување во дадена ситуација и тоа тешко знаат да го применат во друга ситуација – учат механички. Воочливо е придржувањето кон рутините и ритуалите во секојдневието, распоредот во просторот распоредот на работење ритуалите во секојдневните активности и нивното отстапување ги фрустрира со што реакција може да биде и бурна.

Инклузија на децата со аутистичен спектар на нарушување во редовните детски градинки

Инклузијата на децата со аутистичен спектар на нарушување во редовните детски градинки им овозможува вклучување на децата со сложени комуникациски потреби во редовните предучилишни активности кои овозможуваат комуникација помеѓу децата со нормален развој. Примарно за работа на децата со вакви потешкотии се соодветни помагала за учење прилагодени на нивните потреби.

НЕ постои  конкретна формула за инклузија на децата со аутистичен спектар на нарушување во детските градинки бидејќи една метода може да функционира кај едно дете, а кај друго да не успева. За децата што подобро да се вклучат во опкружувањето потребно е да се поработи на различните облици на комуникација, развивање на социјални вештини ,развивање на различни пристапи кон различни задачи. За да се изнајде правата формула за подобро функционирање на детето во предучилишната установа воспитувачот или стручното лице кое работи со детето треба да го запознае детето, неговите родители и другите блиски луѓе на детето така што ќе соберат соодветни информации за детето кои ќе бидат во корист во понатамошната работа и кои информации ќе се употребат за да се развие соодветна слика за тоа дете.

Најважна е соработката со родителите бидејќи тие може да пренесат некои информации идеи и стратегии кои може да се применат во градинката. Инклузијата на децата во градинката претставува процес во кој децата со потешкотии во развојот си играат и учат со децата кои немаат потешкотии во развојот и така имаат еднакви можности за запознавање на основните вредности запознавање на телесни, друштвени и емоционални способности. Инклузијата во предучилишните установи им овозможува на децата со сутистичен спектар на нарушување  можност за наблудување емитирање на децата кои се нормално развиени. Предностите на инклузивните групи влијаат на сите деца еднакво. За децата со аутистичен спектар на нарушување да се биде член во групата со своите врсници е нешто многу важно бидејќи нивните пријатели претставуваат модел за комуникација на развојно – примерно однесување. За врсниците кои имаат нормален развој, развиваат разбирање и прифаќање на потешкотиите кои ги имаат нивните другарчиња, стануваат поосетливи кон потребите на другите и подобро ги разбираат различностите.

Освен за децата со аутизам инклузијата во градинките е многу важна и за родителите. Кога детето со аутизам е вклучено во инклузивна група со неговите врсници тогаш тоа ги извршува своите задачи во некоја заедница. Така родителите чувствуваат некакво олеснување и нивните искушенија се исти како и сите други родители. Родителите меѓусебно си помагаат и соработуваат и не се изолирани и исклучени.

Во однос на грижата и образованието во предучилишната воздраст може да се каже дека тоа е најчувствителниот период од животот во кој треба да се применуваат образовни модели и стратегии кои ќе се базираат на стручна проценка според потребите на детето и поставување на соодветни цели: Квалитетно образование, примерно опкружување, поттикнување на развојот на детето, богати дидактички активности.

Најважното е инклузивниот процес во градинката воспитувачот на детето со пречки во развојот да не го проценува детето според неговите потешкотии туку да гледа на него како дете  во кои има потенцијали способности и интереси а потешкотијата  е само една од неговите карактеристики.

За успешно вклучување на детето со аутистичен спектар на нарушување и негово правилно развивање потребно е најпрво да се одреди кој степен или спектар на нарушување постои кај детето и соработка на родителите стручниот тим и воспитувачот. Раната дијагностика е многу важна бидејќи колку порано се одреди за што станува збор порано може да се делува. Тоа може да му помогне на детето да стекне потребни социјални вештини и самостојност односно да се намалат негативниите облици на однесување.

Не постојат јасно и универзално одредени постапки и методи на работа кај деца со аутистичен спектар на нарушување бидејќи секое дете е различно , а воспитувачите семејството стручниот тим во склоп со индивидуалниот приспап на детето со аутистичен спектар на нарушување користат комбинација од различни методи  на работа со цел подршка на семејството и поттикнување на развојот на детето и превенција на потешкотиите во иднина.

Некои од методите кои се користат кај децата со аутистичен спектар на нарушување кај децата со аутистичен спектар на нарушување се:

АВА – Applied Behavior Analysis

Најпозната метода за работа со деца со аутистичен спектар на нарушување и покажала успех во социјалниот и јазичниот развој, и во намалување на однесувањето кое смета во учењето и разбирањето. Оваа метода се заснова на учење од типот „ еден на еден“ користејќи при тоа бихевиорални принципи, стимулација одговори и награди. Детето да даде добар одговор или да направи нешто како што треба му се помага со различни техники од физичко водење до покажување. Во текот на усвојувањето на секоја задача користиме зголемување односно награда со што ќе се осигураме за повторно појавување на тоа однесување. Во градинката воспитувачот може со помош на другите деца да работи на овој метод.

 TEACCH   -Treatment and Education of Autistic and Related Communications Handicapped Children

Оваа метода се базира на идеата дека децата со аутизам најчесто се визуелни типови во учењето. За децата кои немаат развиен говор се користат картички со слики и поими. Важна компонента на ТЕАCCH програмата е организација на просторот која мора да овозможи визуелни знакови кои помагаат на детето со аутизам да разбира каде треба да биде како до таму да дојде и што треба да прави со одредени интервенции во просторот го намалува распрсканото внимание и го насочува на одредена задача.

Терапија со игра (Play therapy) Играта е најважниот фактор во животот на секое дете бидејќи со неа стекнува нови знаења го запознава светот кој го опкружува го развеселува, и влијае на целокупниот развој на детето. Главната цел на терапијата со игра е да му помогне на детето кај него да проработат емоциите или да ги задоволи потребите кои му го отежнуват здравиот психолошки развој да ја подобри самодовербата и да развие стратегии за соочување и решавање на проблемите.

Детето со аутизам игра на поинаков начин од другите деца но сепак е дете и си игра. Најчесто игра само во одреден простор со одредени играчки повторувајќи одредени работи како на пр. ги врти тркалата од колата, не игра со другите деца бидејќи не ги разбира правилата на игра. Во терапијата со игра се користат различни материјали како: глина песок пластелин ситни фигури и.т.н. со оваа терапија детето може да ги изрази своите чувства мисли и да добие одредена самодоверба бидејќи нема нешто што е точно и нешто што е погрешно.

Art therapyликовна терапија

Ликовна терапија е терапија која се фокусира на ликовно истражување како средство за изразување на емоциите и мислите. Ова е еден облик на невербална комуникација со кои детето преку цтреж ги изразува своите соништа, чувства, случувања. Оваа терапија е корисна за децата бидејќи со неа се активираат децата кои се пасивни, се развива вниманието и концентрацијата, развива перцепција за своето тело, развивање на визуелна и тактилна перцепција и перцепција за просторот, намалување на псохомоторен немир и непотребни облици на однесување.

Она што е ВАЖНО : лицата кои работат со децата со атистичен спектар на нарушување постојано треба да се едуцираат ( стручните луца, воспитувачит во градинките семејството), за да може детето со аутизам да напредува, потребно е големо трпение и соработка со семејството родителите и стручниот тим. Детето да биде физички активно секојдневно, да се обезбедат соодветни дидактички материјали кои ќе му помогнат во развојот. Детето со аутизам е дете како и секое друго дете кое сака да си игра и да учи да се дружи со врсниците кое му овозможува чувство дека припаѓа во заедницата и колку порано се пристапи кон негова помош толку повеќе успех ќе се постигне со него.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ