четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеПристигна дел од 13.0000 брзи тестови, тестирањето со нив е бесплатно

Пристигна дел од 13.0000 брзи тестови, тестирањето со нив е бесплатно

Денеска во Министерството за здравство пристигнале 3000 тестови, дел од донацијата од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат за утврдување дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19.

Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ