четврток, декември 19, 2024
домаКујнаПриведени 122 лица, 164 лица не ја почитувале забраната за движење

Приведени 122 лица, 164 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во Куманово, во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење. Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци. Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник). А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ