Приведени 17 лица за непочитување на забраната за движење

0
146

Во земјава 46 лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатите 24 часа, при што приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени записници, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е  дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом. А.Н.