сабота, ноември 16, 2024
домаНасловнаПриведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

Приведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден на 90 лица им се издадени решенија за изолација, додека 99 лица потпишале изјави за самоизолација.

Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица во самоизолација не ја почитувале оваа мерка, односно не биле пронајдени во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 253 контроли и во шест случаи констатирано е непочитување на мерките. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ