петок, декември 20, 2024
домаЖивотЖивотна срединаПромовирано списанието за деца "Полжавче", за добра, чиста и правична храна

Промовирано списанието за деца “Полжавче”, за добра, чиста и правична храна

Денес беше промовирано списанието “Полжавче”, најмалото чедо на Слоу Фуд Македонија.  Семето на минатото е цвет на иднината. Оваа оваа мисла најдлабоко ја покажува суштината на Слоу Фуд, но и на новото списание „Полжавче“.
Создавањето на ова списание е сеење на семето на љубовта за од него да никнат вистински луѓе што веруваат во вистинските вредности за добра, чиста и правична храна, луѓе што ќе знаат да произведат таква храна, да ја подготват, да ја споделат и да знаат дека храната е и задоволување на физичките потреби, но и култура на живеење, традиција, естетика, задоволство и љубов.
 „Полжавче“ им се обраќа на наставниците, на координаторите на училишните градини, на сите оние што веруваат во мисијата и во важноста на училишните активности на Слоу Фуд Македонија, на родителите и на сите оние на кои им е важна среќата на децата, па оттука на еден или на друг начин, директно или индиректно „Полжавче“ постои за иднината на овој свет-за децата. Наспроти сè брзо што ни се случува во светот, нашето полжавче е бавно, но токму заради тоа успева на вистински начин да ги осознае работите и да ужива во благодетите на животот. Затоа нашето полжавче е среќно и токму тоа ќе ве води низ интересните содржини. Полека, смирено, посветено и сконцентрирано. „Полжавче“ се креираше со многу љубов и посветност и во неговото создавање се вклучија низа стручњаци од различни области кои за вас пишуваа на различни теми, вели Филип Димкоски, уредник на „Полжавче“, член на Слоу Фуд Прилеп. Тој објаснува :
-Освен од членството од конвивиумите на Слоу Фуд Македонија, поддршка добивме и од нашите пријатели од Италија, Романија, Африка, а тоа нè прави среќни и ветуваме дека и натаму ќе бидеме отворени кон светот, ќе мислиме глобално и ќе делуваме локално. Честитки и поддршка добивме и од професионалци кои не се директно вклучени во Слоу Фуд, но ја вреднуваат нашата работа и бескрајно го поддржуваат ова списание. На сите им сме благодарни за тоа.
Списанието беше промовирано преку зум промоција, со учество на Василка Стефановска, лидер на Слоу Фуд Водно, член на НО на Слоу Фуд Македонија
Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава и член на Слоу Фуд Прилеп, Тодорка Наумоска Димески-нутриционист, блогер за храна и лидер на Слоу Фуд Прилеп, Валентина Ѓорѓиевска Парго- новинар и екологист
Андријана Јаневска-  естрадна уметница, професорка и виолинистката Бобан Симоновски-готвач, член на Слоу Фуд Алијанса на готвачи, Катерина Јордановска-проектен асистент во Слоу Фуд училишни градини. Ученици од ООУ „Блаже Конески“- Прилеп чии ликовни и литературни творби се застапени во списанието „Полжавче“, директорката на училиштето Ангелка Баракоска, директор на  ООУ „Блаже Конески“- Прилеп Христина Мирческа, наставничка во  ООУ „Блаже Конески“, координатор за училишната градина.
 Издавач на списанието е Слоу Фуд Македонија, а неговото печатење е поддржано од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на проектот  „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест“ кој го реализира Слоу Фуд Водно, Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ