Вануату го пријави првиот случај на коронавирус, откако едно лице кое се врати од САД било позитивно на тестот додека било во карантин.
Таа пацифичка држава беше една од ретките преостанати во кои досега немаше ниту еден заразен со коронавирус.
Здравствените власти соопштија дека 23-годишниот маж немал никакви симптоми кога пристигнал од САД на 4 ноември и дека по пет дена бил рутински тестиран.
Властите соопштија дека ќе ги задржат останатите патници од летот со кој пристигнал во карантин и ќе ги следат контактите на заразеното лице, но дека нема потреба да се воведуваат други мерки. А.Р.