Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 47 оздравени пациенти и тоа во Скопје 9, Куманово 9, Прилеп 8, Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5, Кочани 1, Крива Паланка 1, соопшти министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа се направени 113 тестирања, а потврдени се седум нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1, што е прв случај во тој град. Инаку, досега се направени вкупно 17.359 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518 лица, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441 лице. А.Р.