Министерството за здравство на својата фејсбук страна објави дека од осумте тестирани пациенти на корона вирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на корона вирусот.
Позитивните пациенти, од 7 март, биле во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар, се вели во објавата на МЗ.
Се уште нема информација колку автобуси од Италија стасаа по 8мо мартовските патувања и дали тие патници директно ќе се носат во карантин.
Н.Д.