Рен е корен кој неправедно се запоставува во нашата исхрана, а е истовремено и лек. Поради неговите својства, тој е исклучително корисен за зајакнување на организмот, бидејќи содржи огромна количина на витамин Ц.
Ренот содржи пет пати повеќе витамин Ц од лимоните и портокалите, а единствената храна која има поголема содржина на овој витамин се калинката и црната рибизла. Покрај тоа, ренот е богат со протеини, јаглехидрати, минерални соли, бета-каротин, есенцијални масла, железо, цинк, калиум, магнезиум, калциум, фосфор и финтоциди, кои се природни антибиотици.
Ренот во нашето тело делува надразнувајќи ја желудечната слузница и со тоа го засилува лачењето на жолчката киселина и ги подобрува одбранбените механизми на телото и општата состојба.
Ренот има антибактериски, антивирусни и антимикробни својства, што го прави незаменлив кај разни видови воспаленија, од грло, нос, синуси, непца, белите дробови. Се покажа дека е многу ефикасен во заздравувањето на воспалените рани и воспалените чиреви на кожата предизвикани од разни инфекции. Исто така, ренот се покажа како многу ефикасен во лекувањето на ревматизам, невралгија на лицето и телото, болки во зглобовите и слично.
Сепак, неговиот најважен и потентен ефект го има врз респираторниот систем, се користи како домашен лек за кашлање, воспаление на синусите, воспаление на грлото, увото и носната мукоза, сè до поблаги форми на бронхитис и пневмонија, каде се користи како додаток на лек кој отстранува непријатни и тешки симптоми на болеста.
Поради овие карактеристики и големите количини на витамин Ц, овој корен е најдобро решение за природно зајакнување и на имунолошкиот систем.
Ренот е многу чувствителен и неговиот корен може да трае до 7 дена. Најдобро е да се купи свеж корен на пазар затоа што тогаш неговите лековити својства се најефикасни.
Поради својата силина и неговите состојки, се препорачува умерена употреба и се препорачува да го избегнуваат бремени жени, лица со хипертензија и лица кои имаат проблем со коагулација на крв (згрутчување).
Ал. Н.