четврток, мај 30, 2024
домаНаше БебеРизици во бременост по 35тата

Ризици во бременост по 35тата

Многу жени ја одложуват бременоста до 30-тите и повеќе од нив раѓаат здрави бебиња. Биолошкиот часовник е факт. Но, сепак возраста од 30 години па натаму, значи зголемување на извесни ризици, од кои голем дел, со добра нега пред и по забременувањето, можат навреме да се откријат и да се третираат.
Најчести проблеми: Можно е да е потребно повеќе време да забремените; Како достигнувате возраст од 30 години па натаму, започнува да опаѓа квалитетот на јајце-клетките. По оплодувањето, постарите јајце-клетки имаат помалку шанси да се развијат во бластоциста-структура од клетки во форма на топка, која се имплантира во ѕидот на матката со почетококт на бременоста.
Дали ова значи дека не можете да забремените? НЕ ! Многу постари жени забременуваат, но можно е да е потребно подолго време. Ако сте над 35 години и не можете да забремените по 6-9 месеци би требало да се обратите на гинеколог.
Поголеми се шансите за мултипна бременост (близнаци).
Хормоналните промени кои се поврзани со возраста можат да доведат да се ослободи повеќе од една јајце клетка истовремено што ги зголемува шансите за неидентична бременост (неидентични близнаци).
Поради намалената плодност кај постари жени можно е да има потреба од употреба на помошни репродуктивни технологии, како ин витро фертизлизација. Бидејќи со овие технологии обично се имплантираат повеќе јајце-клетки исто така се зголемуваат шансите за мултипна бременост.
Ризикот од абортус е поголем
За жал ризикот од абортус се зголемува со возраста. Ова се статистичките податоци:
• Пред 35-та – 15 % ризик
• Помеѓу 35-та и 39-та – 20 до 25% ризик
• Помеѓу 40-тата и 42-та – 35% ризик
• По 42-та – 50% ризик

Зголемен ризик од ој тип на дијабет се јавува само при бременост. Строга контрола на нивото на шеќер во крвта, вежбање и промена на животните навики се основни за спречување на компликации при оваа состојба. Понекогаш потребна е употреба на лекови.
Можна е потреба од царски рез
Овде играат улога голем број на фактори. Некои од нив се:
• Постарите трудници имаат поголем ризик од компликации поврзани со бременоста, како висок крвен притисок и гестационен дијабет, проблеми кои можат да доведат до неопходна потреба од царски рез.
• Постои поголем ризик дека цервиксот (вратот на матката) побавно ќе се дилатира, што исто така може да доведе до породување со царски рез.
• Бебињата кај постарите трудници во поголем процент се во позиција која го комплицира нормалното породување, како на пример карлична позиција.
• Плацента превиа – состојба при која плацентата или делумно или комплетно го препокрива цевиксот-во ваков случај царскиот рез речиси секогаш е неопходен.

Ризикот од хормонални абнормалности е поголем
Бебињата родени од постари мајки имаат поголем ризик од различни хормонални проблеми, од кои најчест е Дауновиот синдром.
И покрај горе наведените ризици, сепак со добра пренатална нега (нега пред породување), со редовни контроли, шансите за успешна бременост и покрај возраста над 35 години, се одлични. Понекогаш се потребни специјални испитувања, како на пример земање примерок од хормонските реси за исклучување на генетски дефекти кај бебето, почести контроли и сл., но сепак најважно е редовно да го посетувате својот гинеколог и да се придржувате до неговите совети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ