сабота, ноември 23, 2024
домаНасловнаРодителите бараат затворање на училиштата

Родителите бараат затворање на училиштата

По денешната информација на „Слободен печат“ дека 3 деца се наоѓаат во домашна изолација од ОУ Владо Тасевски, откако нивните родители се регистрирани како учесници на симпозиумот во ресторанот „Рагуза“, се поставува прашањето дали е потребно  времено да се затворат училиштата. Се дознава и дека во ОУ Кочо Рацен е донесена одлука децата кои биле во непосредна близина на еден од заразените да не доаѓаат на училиште.

Родителите се погласно реагираат и бараат училиштата времено да бидат затворени, со цел да се запре ширењето на заразата. Само колку за потсетување во Италија Албанија, Португалија и Словенија се затворени училиштата и фактултетите, Бугариј ги затворо во Плевен и Габрово, а има најава дека и Грција ќе го стори тоа во текот на денот.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ