среда, ноември 20, 2024
домаЖивотРодителите треба да се одлучат за каква настава се, ама не знаат...

Родителите треба да се одлучат за каква настава се, ама не знаат дали децата само во одредено време ќе може да одат во тоалет и дали цело време ќе треба да носат маски?!

На нешто помалку од десет дена од почеток на учебната година се уште многу нејаснотии за тоа каква треба да биде наставата! Односно што треба да прават наставниците за да ги задоволат барањата на родителите на децата. Заедничката прес конференција на министрите Адеми и Филипче не даде многу одговори што ги засегаат родителите, а уште помалку за наставниците.

И навистина, останува отворено прашањето дали наставниците ќе треба да остануваат на работа по 12 часа и дали и тие не се „фрлаат“ во ризик? Што со наставниците кои имаат хронични болести или имаат дома деца со хронична болест?

Она што дополнително ги интересира и родителите и наставниците е што ако во едно одделение има половина деца што ќе присуствуваат физички на наставата и половина што ќе ја следат онлајн наставата? Како ќе се одвива наставата? Има неофицијални информации дека наставниците додека предаваат во училница ќе се снимаат и тоа ќе се пренесува за оние кои ја следат наставата онлајн да можат да следат како да се на час. Ова вака напишано изгледа одлично, но во реалноста нема шанси да се реализира. Во ниту една училница нема технички можности за такво нешто! И дали секој наставник е подготвен да говори пред камера?

Денеска најголем број на родители треба да се изјаснат дали децата ќе следат настава онлајн или физички ќе присуствуваат на настава, но никој не им објаснува на родителите што значи едното, а што другото. А, во информацијата се наведува дека родителите тоа што сега ќе го одлучат ќе биде „до крај“? До каков крај? Што ако детето во меѓувреме се разболи? И зошто немаме информација дали за целото времетраење на наставата ќе мора да носи маска? И дали е точно дека секое одделение ќе има распоред за одење во тоалет? Нели пристапот до вода и санитациај е загарнтирано човеково право и не може и не смее никој да ни каже кога и како ќе оди во тоалет!

Нема ниту информација дали за децата е предвидена целодневна настава и до колку часот ќе трае и што со оние што ќе посетуваат калсична настава?

Во недостаток на вакви информации родителот не може да одлучи каква настава е најдобра за неговото дете.

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ