среда, декември 18, 2024
домаЖивотРоднина на пилотот на Брајант, Ара Зобајан, тврди дека патнците биле виновни...

Роднина на пилотот на Брајант, Ара Зобајан, тврди дека патнците биле виновни за несреќата

Еден член на поширокото семејство на пилотот Але Зобајан, кој загина во несреќата со Коби Брајант, реагираше на тужбите на Ванеса Брајант и рече дека верува оти патниците се виновни за несреќата, пишува „People“.

„Целата штета е резултат на неодговорноста на патниците, кои, свесни за ризиците и опасностите, решија да летаат, и покрај лошите временски услови. „Пилотот не е виновен за ништо“, рече таа.

Ванеса Брајант ја тужеше компанијата  „Island Express Helicopters“ во февруари, која е сопственик на урнатиот хеликоптер. Таа изјавила дека пилотот бил одговорен за несреќата затоа што не ги проценил добро временските услови и затоа што не го прекинал патувањето.

Во тужбата се наведува и дека компанијата знаела или требало да знае дека пилотот бил предупреден бидејќи летал во слабо видлива зона.

Во несреќата загинаа шест патници, меѓу кои и Коби, неговата ќерка и пилотот. Истрагата сè уште трае, а досега е утврдено дека немало дефект на моторот.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ