среда, декември 18, 2024
домаСпортРоналдињо уапсен во Парагвај со лажен пасош (ВИДЕО + ФОТО)

Роналдињо уапсен во Парагвај со лажен пасош (ВИДЕО + ФОТО)

Светскиот шампион Роналдињо беше уапсен во Парагвај со неговиот брат Роберто, кој беше негов фудбалски агент.

Двајцата се приведени за користење на лажни пасоши, според кои се идентификувале како Парагвајци. Носителот на „Златната топка“ немал право да го напушти Бразил, а неговиот меѓународен пасош бил одземен минатиот јули поради неплатена парична казна за заштита на животната средина.

Според весникот  „Ла Насион“,  тој и неговиот брат тргнале на одмор, а нивното апсење било вчера. Се дознава дека Бразилецот заминал за Парагвај на покана на сопственикот на казино Нелсон Белоти.
На Интернет се појави видео од апсењето. Тоа покажува како автомобилот во кој биле приведени се повлекува од улицата и е опкружена со полициски службеници кои ги повикуваат да излезат од возилото и да ги следат.

 

А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ