Петкратниот најдобар фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, е годинешен добитник на наградата „Златно стапало“ за неговиот придонес во фудбалот.
Станува збор за престижна награда, каде што победниците ги оставаат своите отисоци од стапала на шеталиштето во Монте Карло, како филмските sвезди во Холивуд.
“Голема чест, среќен сум што моите стапала ќе бидат заедно покрај големите шампиони. Им благодарам на сите што гласаа за мене. Јас секогаш ќе давам се од себе да играм што е можно подобро и да постигнувам голови”, порача Роналдо.
Интересно, најголемиот ривал на Роналдо, Лионел Меси уште ја нема добиено оваа награда, која се доделува само еднаш во кариерата, на фудбалери постари од 28 години.
Прв добитник во 2003 година беше Роберто Баџо, следен од Павел Недвед, Андреј Шевченко, Роналдо, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Карлос, Роналдињо, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Златан Ибрахимовиќ, Дидие Дрогба, Андрес Иниеста, Самуел Ето, Џанлуиџи Буфон, Икер Касилјас, Единсон Кавани и Лука Модриќ. А.Р.