понеделник, мај 20, 2024
домаСпортФудбалРоналдо е најдобриот фудбалер на светот

Роналдо е најдобриот фудбалер на светот

Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер на светот за оваа година. Ова го потврди изборот на ФИФА, со кој Португалецот се најде на врвот, пред Лионел Меси и Нејмар.

Во гласањето за најдобриот во светот учествуваа капитени и селектори на национални селекции, како и новинари. Своите гласови ги дадаваа и Роналдо и Меси, како предводници на Португалија и Аргентина.

Како изгледаше нивното гласање? Очекувано, може да се каже. Тие не експериментираа многу, туку се водеа според испробаниот рецепт – гласајќи за „своите“.

Така Роналдо пет поени даде за Лука Модриќ, три за капитенот на мадриѓаните Серхио Рамос, додека еден бод од ѕвездата на Реал доби Марсело. Максимален број бодови од Меси доби Луис Суарез, три Андрес Иниеста и еден Нејмар, со кој Меси до неодамна ја делеше соблекувалната. Сепак, со гласањето тој потврди дека меѓу нив немало зла крв.

Што се однесува до гласовите за тренерите, Португалецот пет поени му даде на Зинедин Зидан, а Аргентинецот на Луис Енрике, иако не беше во добри односи со поранешниот тренер на Барса.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ