понеделник, ноември 11, 2024
домаСаботна велосипедска белешка

Саботна велосипедска белешка

1 дел

Саботното утро се капеше во сончевина искосена над Соборниот храм во главниот град. Возев по велосипедската патека во правец на светлината. Низ затемнетите очила, на педесетина метри на патеката пред мене здогледав паркирано возило за достава. Се симнав од патеката и продолжив по коловозот, да го избегнам возилото. Во тој момент позади мене свирнаа полициски сирени и службениот автомобил ми се доближи, а од прозорецот полицаецот ме упати да застанам. Застанаа и тие, три службени лица и ми побараа лична карта. Ме искараа зошто возам по коловоз. Возилото за достава паркирано на велосипедската патека полека се одалечуваше од местото на истовар. Со него замина и можноста да објаснам зошто сум на коловозот. Денот беше совршено подготвен за градската врева окулу пазарчето Буњаковец.

2 дел

Во кабинетот на министерот дневниот брифинг со медиумите и порталите што го уредуваше цела една служба, го одбележа и еден текст во не многу читан портал, на  тема несовесно произволно и нестручно однесување на службени лица од ова министерство. Телефонот на министерот без ресор одговорен за информации заѕвони, а од другата страна Министер објаснуваше како да се вразумат „портали духови“ бидејќи и тие имаат каква – таква читачка публика која во даден момент е и гласачко тело. Во разговорот не стана збор за интервенции за кинење на казни, ниту пак за дисциплинско (едукативно) гонење или барем истрага внатре во службата задолжена за безбедно одвивање на сообраќајот.

3 дел

Веселата работна атмосфера во редакцијата составена од 5 ентузијасти – новинари ја прекина „важен“ телефонски повик до уредникот. Разговорот личеше на монолог на повиск тон упатен до редакцијата (која беше потпишана) на текстот кој се однесуваше на идеја за сообраќајно решение во саботите. (Во текстот се предлагаше слободно паркирање на третата лента од булеварите, пред пазарчињата и трговските центри во сабота и недела од 9 до 13 часот, за да се зголеми прометот – фрекфенцијата на луѓе).  Граѓанските иницијативи искажани преку јавни гласила се можност за слушање на идеи од кои излегуваат практични решенија. Но не насочени во политичка конотација што ја практикуваат телевизиите и радијата во емисиите „се јавив и им кажав се само дека ми недостига половина мозок, не“. Како нов тревник без пешачки патеки, кои ќе се направат онаму каде што е најмногу изгазена тревата!

4 дел

На мејлот на уредникот стаса известување: „Ве каниме да дојдете на средба (јавна расправа) која се однесува на Законот за медиуми“. Не е донесен законот не е објаснет доволно во медиумите за кои се однесува. Ниту во нив има храбри (читај паметни ) што ќе го разложат на граѓаните на кои на крајот и треба да им се обратат. Но, не! Во оваа земја се, па и медиумите постојат за политичарите. Тие, Министрите, Владата, Собранието ги добиваат ги читаат, слушаат, гледаат и ги прераскажуваат. Понекогаш воспитно ги сертифицираат, а понекогаш и ги тепаат.

5 дел

Сончевите пролетни саботи доаѓаат и си одат. Со навиките и предрасудите не е така.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ