среда, декември 4, 2024
домаСаем на книга под слоганот „Приказна се чита“ од денеска до 24...

Саем на книга под слоганот „Приказна се чита“ од денеска до 24 април

Саемот на книга започнува денеска и ќе трае до 24 април, во арена Борис Трајковски со изданија од домашни и странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и регионот.
-Оваа година, пораката на Саемот на книга е „Приказна се чита“ инспирирана од оние „stories“ кои ги поставуваме на социјалните мрежи. Моќта на социјалните мрежи е огромна во денешницата, затоа ајде да ги искористиме за нешто добро и преку нив да испишеме приказна која долго ќе се памети! Присуствувајте и допрете ги приказните што се раѓаат помеѓу страниците. Приказната се чита, а нашиот свет е богат со неверојатни патувања и искуства! – е пораката на годинашното издание на Саемот на книга.
Посетителите на 36. издание на Саемот на книга, во текот на седумте саемски денови ќе можат да одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори во рамките на Саемот.
Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот. Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ