сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСе одбележа 37. роденден на Тоше Проески

Се одбележа 37. роденден на Тоше Проески

Валентина Ѓоргиевска Парго

Денес, 25 јануари 2018, во Крушево се чествуваше родениот ден на македонскаат музичка легенда Тодор Тоше Проески, кој денес требаше да наполни 37 години (25.01.1981-16.10.2007).

И по 11 години без Тоше во Крушево пристигнуваат фанови од цел Балкан. Во 11.15 часот, времето кога се родил Тоше 1981 година, беа положени свежи цвеќиња на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

Тоше музичкиот пат го почна на „Златно славејче“, „Мелфест“ каде победи како тинејџер, „Макфест 1997“ каде освои награда на ФИДОФ и „Охрид фест 1998“, каде  освои втора награда, и многу други фестивали потоа..

Тоше оствари балканска кариера, сними албуми на спрски, хрватски и англиски јазик, ја преставувашпе Македонија на Евровизија 2004 година со песната „Life“. На својот последне концерт на Градски стадион, на 5 октомври 2007, за песната „Цреша“ рече дека ја чувствува за биографска.

Во чест на Тоше денес одржа пригодна програма во спомен куќата  „Тодор Проески“, каде  настапија локалниот бенд „Кице и Пеце“,  хорот на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ како и оперскиот пејач, сопранот Билјана Јосифов, придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски.

Наскоро ќе излезе и постхумниот албум на Тоше, насловен „Secret places“ со десет песни, а во финална фаза се и три видео-записи за три песни од албумот: едниот е снимен во Македонската филхармонија, другиот во студио, а третиот се снима во Крушево. Во договор со Министерството за култура ќе има и концерт во арената „Борис Трајковски“ на кој ќе биде промовиран албумот. На албумот е и песна на внукот на Тоше, Кристијан, за за која ќе се сними видео запис.

Музејот на Тоше е награден со прва светска награда за архитектонсо решение. Музејот е еден од најпосетуваните и досега го посетиле преку 600.000 гости од земјава и странство. Во Спомен-куќата „Тодор Проески“ денеска се одржа и традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше. Владата одобри околу 160.000 евра за достојно уредување на вечното почивалиште на Тоше.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ