четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаСе релаксираат мерките во регионот: Србија и Словенија ги отвораат рестораните

Се релаксираат мерките во регионот: Србија и Словенија ги отвораат рестораните

Подобрувањето на епидемиолошката состојба во земјите од регионот донесе ново релаксирање на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и враќање во нормален живот. Сепак, епидемиолозите продолжуваат да предупредуваат за задолжително почитување на мерките за самозаштита.

Рестораните и кафулињата во Србија денес можат да отворат врати за гостите, но со посебни мерки за заштита од короната. Маските и ракавиците се задолжителни за келнери, а во ресторанот еден гостин оди за 3,5 квадратни метри. Кога станува збор за тестирањето, вработените нема да бидат тестирани за КОВИД-19, туку ќе се вршат вонредни санитарни прегледи.

Според најавите, во Србија ќе има избор за седење во рестораните: дали сакате да седите три метри одвоено или со бариери меѓу вас. Во ресторанот, гостите ќе можат да седат без маски и ракавици. Само кога ќе се движат низ ресторанот, одат во тоалет и слично, ќе треба да ги носат.

Исто така, се наведува дека целиот трошок за средства за дезинфекција и заштитна опрема е на сопствениците на ресторани, и дека гостите треба само да доаѓаат со маска и ракавици. Доколку не се стори тоа, вработените треба да обезбедат заштитна опрема. Исто така, задолжително е да се дезинфицира сè по употреба (она што е надвор од стандардите, како што се соларници, масло, оцет и слично).

Во Црна Гора, денес е регистриран само еден нов случај,  и од денес, во таа земја стапуваат на сила нови, поблаги мерки за спречување на ширење на зараза, па ќе започнат да работат занаетчиските продавници и услужни дејности, јавниот превоз…

Државниот секретар во Министерството за одржлив развој и туризам Дамир Давидовиќ најави можност за отворање на сите угостителски објекти на 18 мај, кои ќе работат во специфични услови.

На затворен јавен простор во Црна Гора, пропишано е да се носи маска, или марама над носот и устата, мерка објавена од ИЈЗ.

Хрватска денес влезе во втора фаза на попуштање на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Се предвидува реактивирање на здравствениот систем и започнување со активности во кои се остварува близок контакт, како што се фризерските салони и салоните за убавина.

Во Словенија од денес ќе започнат многу активности, ќе се отворат угостителски објекти, ќе се отворат продавници помали од 400 метри квадратни, ќе започнат со работа фризери, фотографи, фотокопири, часовничари, златарници, кројачи, чевлари … Богослужбите ќе започнат во црквите и џамиите.

И покрај поволната епидемиолошка слика, словенечките епидемиолози посочуваат дека епидемијата е далеку од завршена и дека животот ќе продолжи во сенка на КОВИД- 19.

Албанија, исто така, почнува да ги олеснува мерките и вонредната состојба ќе биде постепено укинувана во текот на следните три недели, најави премиерот Еди Рама.

На 11 мај, владата ќе дозволи повторно отворање на фризерски салони, берберници, стоматолошки ординации и трговски центри, ќе започне и меѓуградскиот сообраќај, а баровите и рестораните на отворено ќе започнат со работа на 18 мај…

Собирите за повеќе од пет лица ќе продолжат да бидат забранети. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ