домаСедум лица уапсени во Данска за планирање терористички напади

Седум лица уапсени во Данска за планирање терористички напади

Седум лица беа уапсени во Данска под обвинение дека се обиделе да направат експлозивни направи и планирале терористички напади, соопшти полицијата, по заедничката акција со колегите од Германија.

Во апсењата се пронајдени состојки за правење експлозивни направи и оружје.

„Веруваме дека поединци имале намера и капацитет да извршат терористички напади во Данска“, се вели во соопштението на данската полиција.

Уште шест лица беа уапсени во Данска и едно лице во Германија, поради можна поврзаност со овој случај. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ