дома Миленичиња Што сонуваат кучињата – одговорот ќе ве изненади

Што сонуваат кучињата – одговорот ќе ве изненади

0
88

Нема ништо послатко од погледот кон вашето куче кое мирно спие, додека шепите му се трзаат како да трча низ ливада или тивко завива во сонот. Но што навистина сонуваат кучињата?

Д-р Дирдре Барет, клиничка и еволуциона психологинка на Медицинскиот факултет на Харвард, спровела истражување за тоа што кучињата доживуваат во сонот. Нејзиниот заклучок е дека, исто како и луѓето, кучињата повторно проживуваат делови од својот ден – што значи дека често сонуваат токму за нас, нивните сопственици.

„Луѓето сонуваат за работи кои им се важни во текот на денот – иако на поинаков, помалку логичен начин. Нема причина да мислиме дека животните се поразлични“, објаснува Барет.

Со оглед на тоа колку силна е врската меѓу кучињата и нивните сопственици, можно е во нивните соништа да се појавуваат вашето лице, вашиот мирис или ситуации кои им носат радост – или вознемиреност.
Кога кучето во сон ги трза шепите, тоа најверојатно „трча“. Ако тивко залае, можно е да „разговара“ со друго куче или со некоја личност.

И кучињата имаат REM-фаза на сон, кога најчесто се јавуваат соништа. Кај луѓето таа почнува по околу 90 минути, додека кај кучињата циклусите се пократки, но доволно долги за да овозможат активно сонување.

Затоа, експертите препорачуваат на кучињата да им се обезбеди мирна и безбедна околина за спиење, како и позитивни дневни искуства – бидејќи тоа придонесува за посмирени и поубави соништа.

Американскиот кинолошки клуб советува дека не треба да го будите кучето ако во сон цвили, се превртува или изгледа вознемирено. Прекинувањето на сонот може да предизвика конфузија и импулсивна реакција, па дури и агресија – особено ако детето се обиде да го разбуди.
Најдобро е да се почека кучето само да се разбуди, а потоа нежно да се утеши.

Ф.С.