понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотШвајцарците исто така емигрираат - сè повеќе млади луѓе среќата си ја...

Швајцарците исто така емигрираат – сè повеќе млади луѓе среќата си ја бараат во странство

Масовната емиграција не е честа појава само за земјите од Источна и Југоисточна Европа, туку влијае и на богатите земји како Швајцарија.

Многумина Швајцарци ја пробуваат својата среќа и во други земји, а омилени дестинации се Франција, Германија и Соединетите држави, како и Австралија и Тајланд.

Западните медиуми јавуваат дека бројот на Швајцарци кои ја напуштиле земјата значително се зголемил во последните години, додека се помалку се враќаат во својата татковина. Во 2017 и 2018 година, на пример, околу 32.000 швајцарци ја напуштиле земјата, а 24.000 се вратиле дома.

Според статистичките податоци, околу 36 проценти од швајцарските имигранти се на возраст меѓу 20 и 35 години, што покажува дека сè повеќе млади ја напуштаат Швајцарија.

Втората група имигранти се лица со двојна националност, т.е. швајцарски државјани со странско потекло, како Италијанци или Португалци, кои се враќаат по пензионирањето.

Сепак, Швајцарија нема проблеми со демографијата – само минатата година, околу 55.000 странци се населиле таму.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ