понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотСкандалозна одлука на Владата за прекинување на продолженото породилно отсуство

Скандалозна одлука на Владата за прекинување на продолженото породилно отсуство

Владата на денешната седница донесе скандалозна Одлука за прекинување на продолженото породилно отсуство и врачање на работа на корисниците на истото од 23 септември. И покрај тоа што Комисијата за заразни болести до Владата поднесе предлог одлука породилното отсуство да биде продолжено до 31 декемрви, минситерката за труд и социјална политика се спротивстави, најавувајќи дека предлог одлуката мора да се преиспита. Министерката Шахпаска која доаѓа од редовите на социјалдемократите и чиј што претседател и актуелен премиер повеќепати потенцираше дека здравјето на децата го става пред се, тоа додуша пред изборите, сега најбезобразно им сврте грб на мајките и со незапишани деца во градинки, одлучи да ги врати на работа…Децата, како што најавуваат мајките, ќе и ги однесат на ресорната министерка да ги чува! Изненадува нејзиното однесување, особено што на работи што се толку очигледни, се прави дека не ги гледа. За неа црното е бело и обратно! Родителите прашуваат дали Шахпаска знае колку деца останаа незапишани во градинка и кој ќе ги чува тие деца од 23 септември?

Мајките на продолжено породилно најавуваат протест и инсистираат да се прифати предлог одлуката на Комисијата за заразни болести! Тие прашуваат дали ваучерите за туризам беа само предизборен поткуп за гласови? Прашуваат на што мислеше Заев коаг велеше дека секој еден ќе биде заштитен, а особено најмалите?!

Во Одлуката на Владата се вели:

„Вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда) да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи. Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство.

Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9.9.2020 година, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ.“

Она, пак, што внесе дополнителна забуна е Одлуката родителите чии деца од шест до 10 годишна возраст се вклучени во воспитно – образовниот процес во училиште, почнувајќи од 23 септември 2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, без разлика на начинот (со физичко присуство или од далечина) на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ. Само колку за потсетување оваа Одлука беше веќе еднаш укината, односно на 8 јули. Министерката Шахапска само колку за потсетување, на својата прва прес-конференција прво кажа дека оваа мерка ќе се укине, за после тоа од МТСП да стаса објаснување во кое се вели дека на 8.7.2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10-годишна возраст вклучени во воспитно образовниот процес, кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места, со оглед  дека учебната година е веќе започната.

Како и да е, посканадалозна Одлука од оваа Владата не можеше да донесе, особено ако се има предвид најавата дека не чека тешка есен и ако се најавува можен нов карантин. Или, ако што се сомневаат родителите, ова се прави само со цел државата да се ослободи од давачките за родителите на породилно, за со новите мерки товарот да падне на работодавачите. Но, работодавачите најавуваат дека ако се случи тоа ќе ги затворат бизнисите!

Како и да е, по оваа Одлука Комисијата за заразни болести треба да се распушти, бидејќи нејзиниот глас никој не го слуша, а таа треба да одговара за здравјето на граѓаните!

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ