ИЈЗ во својата неделна анализа за периодот од 27 јули до 2 август информира дека тестирани се вкупно 9.709 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 912 нови позитивни случаи од 28 градови во државата, што е намалување од 4,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=254; 27,9%), Штип (n=111; 12,2%) и Гостивар (n=102; 11,2%). Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 209 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=177; 19,4%), 40-49 (n=163; 17,9%) и 50-59 (n=162; 17,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=46; 5,0%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 431 (47,3%) лица од женски и 481 (52,7%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=860; 94,3%), регистрирани се 136 (15,7%) хоспитализирани, а кај 277 (32,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 328 (38,1%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.032 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 29 смртни случаи од 11 градови, намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=22; 75,9%). Од починатите, 24 биле хоспитализирани, а 5 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 02.08.2020, пријавени се вкупно 11.127 случаи на COVID-19 (I=535,6/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.655,5/100.000), Свети Николе со 1.106,7 на 100.000 жители, Ресен (892,9/100.000), Скопје (795,8/100.000), Куманово (763,9/100.000), Дебар (742,2/100.000), Струга (673,5/100.000) и Тетово (529,1/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Охрид, Гостивар, Демир Хисар, Прилеп, Пробиштип, Велес, Македонски Брод и Кичево.
о однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 5.549 машки и 5.578 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 535,4/100.000, додека кај женските 540,2/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.457 (22,1%) со инциденца од 641,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 773,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.150 заболени). Најниска инциденца од 185,7 и 193,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 425 и 485 случаи соодветно.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 20,8% (n=2.285) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Велес), моментално се хоспитализирани 338 лица, а од нив 109 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), малаксаност (41,1%), кашлица (40,2%), болка во грло (14,8%), главоболка (14,5%), треска (12,8%), отежнато дишење (11,3%) и ослабен осет за мирис и/или вкус (10,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), кај 2.979 или 27,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.775 или 59,6% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), пријавен е 101 (0,9%) случај кај бремени жени, од кои 25 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четириесет и седум од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), кај 3.324 (30,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.307 лица имаат кардиоваскуларна болест, 938 дијабет, 468 се со хронична белодробна болест и 600 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.339 (58,7%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), регистрирани се 718 (6,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во периодот на анализа регистриран е 501 смртен случај (Лт = 4,5%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=367) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 95,8/100.000 жители. Регистрирани се 319 смртни случаи кај лица од машки и 182 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 404 (80,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=306), дијабет (n=142) и белодробна болест (n=74). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници. Дваесет и седум (5,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 474 (94,6%) починале за време на хоспитализација.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 226 (2,1%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 01.08.2020. Вкупно 5.019 лица (45,6%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 02.08.2020 тестирани се вкупно 106.047 материјали (детектирани 11.127 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 51.251 тестови на 1.000.000 жители.
Според исходот од заболувањето, 3.646 лица (32,8%) се активни случаи, 6.980 случаи (62,7%) се водат како оздравени (570 од нив се здравствени работници и 68 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.164 (16,7%) биле хоспитализирани додека останатите 5.816 (83,3%) биле на домашно лекување.
На Табелата подолу е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Гостивар, Куманово и Штип (n=2.334)
Град/ општина | Активни случаи | Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 1.354 | Куманово | 269 |
Чаир | 167 | Куманово | 244 |
Аеродром | 155 | Липково | 24 |
Кисела Вода | 148 | Старо Нагоричане | 1 |
Гази Баба | 137 | Штип | 430 |
Карпош | 117 | Штип | 423 |
Центар | 115 | Карбинци | 7 |
Шуто Оризари | 114 | ||
Ѓорче Петров | 98 | ||
Бутел | 85 | ||
Сарај | 63 | ||
Студеничани | 46 | ||
Арачиново | 24 | ||
Илинден | 23 | ||
Сопиште | 21 | ||
Петровец | 16 | ||
Зелениково | 8 | ||
Чучер Сандево | 8 | ||
странец | 6 | ||
непознато | 3 | ||
Гостивар | 281 | ||
Гостивар | 257 | ||
Врапчиште | 23 | ||
Маврово – Ростуше | 1 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок. На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево, Виница и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Н.Д.