вторник, јули 16, 2024
домаСо изложбата насловена „О“ на Јакимовска КСП Подиум Јадро го одбележa денот...

Со изложбата насловена „О“ на Јакимовска КСП Подиум Јадро го одбележa денот на жената

КСП Подиум Јадро го одбележa денот на жената со изложбата насловена „О“ на визуелната уметница Јана Јакимовска.
„Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 март.
Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
КСП ПОДИУМ ЈАДРО го одбележува овој ден со осум дела од серијата “О“ на Јана Јакимовска.
 “О”! Дигитално, зашто иднината е дигитална. Фотографирано, зашто во копи-пејст сегашноста старите вештини се непотребен луксуз.
Чкртано, зашто секој знае да чкрта.
Текстуално обременето, зашто живееме во време на меме-култура, снепчет и пурикура.
Автопортрет, зашто твојата приказна полесно се голта низ туѓо искривено лице.
Факти, зашто боговите треба да се замолчат еднаш засекогаш.
Хумор, зашто не постои тема што не смее да се исмее.
Оргазам, зашто она за што не зборуваме престанува да постои.“, се вели во најавата за настанот.

Јана Јакимовска е родена 1981 во Скопје. Дипломира (2005) и магистрира (2009) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Освен со сликање се занимава и со фотографија, интервенции во јавен простор, графички дизајн, илустрација, а од поскоро време и со перформанс. Голем дел од рецентното творештво и’ се занимава со прашањата на телото, сепството, сексуалноста, позицијата на жената во општеството. Имала 19 самостојни изложби во Берлин, Њујорк, Белград, Приштина, Скопје, Гевгелија, Куманово и Штип. Учествувала на преку 80 изложби во САД, Германија, Италија, Литванија, Турција, Грција, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Учествувала на 17 ликовни симпозиуми во Грција, Хрватска, Србија и Македонија. Во моментов е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитет Гоце Делчев во Штип.
Настанот е реализиран со поддршка на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена преку проектот „Хибридна институција за хибридна култура“ финансиран од Гете Институт – Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ