среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСо петиција до спас на Преспанското Езеро

Со петиција до спас на Преспанското Езеро

Климатските промени, сакале ние да признаеме или не, веќе ги покажува своите „заби“. Преспанскоте Езеро кај нас, изгледа ќе биде првата „жртва“ или колатерална штета на климатските промени. Онака како што сега стојат работите, ако продолжи трендот на истекување и сушење на Езерото, наскоро ќе го снема.

Испровоцирана од состојбата со Езерото, Марина Петковска, која сама за себе вели дека е скопјанка, но поврзана со Преспа, се обидува да превземе акција за сапс на Езерото. Како сведок на уништување на едно од најстарите езера во Европа, Петковска покрена петиција наречена „Да го спасиме Преспанско Езеро од пресушување“, сакајќи да го сврти вниманието на ресорното министерство – Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународната заедница.

Само колку за потсетување, Преспанското Езеро е едно од трите природни езера во Република Северна Македонија. Има многу богата историја и богата флора и фауна. Езерото е живеалиште за крапот, кое е највисок квалитет и репрезентативна риба на Преспанското Езеро. Езерото е со намалено ниво на вода за 9 метри и волумен за 50%, нацртано крајбрежје за 3,5 км, сушени мочуришта, слаб проток на чиста, свежа и богата вода, концентрација на сулфати и пестициди, плитка вода, пенетрација на сончевите зраци до дното, дислокација и зголемување на количината и просторот со присуство на различни видови на алги, намалена чистота на водата

Петковска во нејзиниот повик да се потпише петицијата меѓу другото врли: „Ајде да ја потпишеме оваа петиција за да ги потсетиме надлежните од Министерството за животна средина да не го заборават Преспанското Езеро и да се обидеме да направиме сите напори да го спасиме од исчезнување. Природните и еколошките непогоди не знаат политичка партија, религија или нација, ве молиме и бараме да се воздржиме од какви било негативни коментари. Промената треба да започне првенствено од нас како индивидуи и потоа да побара поддршка од поголеми институции.“

Линкот од петицијата која собра над 4000 потписи можете да ја потпишете ТУКА и да бидете дел од Спасувањето на Преспанското Езеро.

Н. Д.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ