четврток, декември 19, 2024
домаЖивотСо три литри вода и NuMe до помалку тежина

Со три литри вода и NuMe до помалку тежина

Пијалак кој може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми а е насекаде околу вас е секако водата. Доколку при практикување на NuMe исхрана сѐ уште не сте ги отстраниле вишокот килограми, постои можност причина за тоа е не пиењето доволно вода.

Многу е вообичаено луѓето да не консумираат доволно вода, и во тоа се крие причината зошто не можат да го намала вишокот килограми. Покрај тоа, водата е одличен третман за убавина, бидејќи кога внесувате соодветни количини и кожата е хидрирана и изгледа свежа и помлада.

Како водата помага во губење на тежината?
Водата му дава на телото потребната енергија и “го поттикнува” да биде активно!

Водата на неколку начини помага при слабеење. Научниците дошле до заклучок дека водата за пиење е поврзана со забрзување на метаболизмот. Една студија открила дека кога едно лице пие половина литар вода, тој согорува 30% повеќе калории од лице кое не пиело вода.

Водата на телото му ја обезбедува потребната енергија и го “принудува” да биде активно, но, исто така, го намалува воспалението и болката во мускулите за време на вежбање.

Покрај тоа, често се случува да мислиме дека сме гладни и имаме желба за разни закуски, а не сме свесни дека жедта всушност е главната причина. Затоа кога ќе се почувствувате така, се препорачува да се  напиете чаша или две  вода и почекајте десет минути. Во тој период желбата за јадење ќе се загуби,  но ако се уште чувствувате глад подгответе лесна салата наместо слатки и солени закуски.

Како да пиете повеќе вода?
Некои луѓе едноставно немаат навика да пијат вода или пијат мали количини, што секако не е добро, бидејќи не можете да користите кафе, газирани или слатки пијалаци за да ја надоместите загубената течност.

Обидете се постепено да внесувате повеќе вода од вообичаеното. За почеток, секое утро веднаш штом ќе се разбудите, пијте чаша млака вода пред секој оброк. Потоа постепено додавајте повеќе  чаши пред и по оброците , по тренинзите (ако вежбате), по кафето …

Колку треба да пиете вода ако сакате да изгубите од тежината?
Постои старо правило кое вели дека треба да пиете најмалку 8 чаши вода дневно. Сепак, тоа не е толку едноставно. Неопходно е да се земат предвид разни други фактори, во зависност од тоа колку треба да пиете вода.

Логично е дека количината на вода зависи од тоа колку имате килограми и колку сте физички активни во текот на денот. Дополнително, кога за време на потоплите денови трошите повеќе течности со потење, овој недостаток треба да се компензира со повеќе чаши вода. Затоа, не следете ја строго препораката да пиете осум чаши вода дневно, бидејќи во одредени ситуации овој број е потребно да се зголеми …

Во текот на NuMe исхраната се препорачува да пиете од 2,5 до 3 литри вода. Не е тешко, обидете се и резултатите ќе бидат на ваша страна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ