Граѓанската организација ОХРИД СОС, изреволтирана од односот на општина Охрид и непочитување на урбанизмот објави пост на нивната фејсбук страна, во кој обвинуваат за владеењто на урбаната мафија. Ви го пренесуваме постот во целост:
„Општина Охрид е дефинитивно поразена од урбаната мафија, од поединци и групи кои на секој начин сакаат да узурпираат што повеќе од брегот на езерото. Константин „Велики“ капитулира под налетот на дивите орди, и сите изјави ги дава од својот кабинет, бидејќи тој реално и нема ингеренции на територијата на општината. Поразена е и Влада на Република Северна Македонија, која воопшто не реагира на овие дивеења кои се интензивираат деновиве. Скромни неколку изјави на Edmond Ademi, но никаква акција, нити заложба. Немо гледаат сите институции, општинските советници од СДСМ Охрид, О.К. ВМРО – ДПМНЕ – ОХРИД (официјална страна), инспекциите само констатираат и си заминуваат.
Држава? Владеење на право? Систем на вредности? Поголем пораз од овој не е случен во поновата историја. Па зошто тогаш инсистирате на избори, за што да го дадат жителите на Охрид, па и Охридскиот Регион својот глас? За да продолжи оваа состојба? Да се криете како глувци и да се правдате во медиуми откако нештата ќе се случат? Зошто Stevo Pendarovski не ги свика партиските лидери на една итна средба посветена на овој проблем? Зошто за ова молчат Zoran Zaev и Hristijan Mickoski? Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI веќе го кажаа својот став, преку активностите на нивниот советник во Охрид и градоначалник во Струга.
Вака ќе изгледаше справувањето со проблемите и исполнувањето на препораките на International Council on Monuments and Sites (ICOMOS), IUCN и Центарот за светско наследство на УНЕСКО? Или мислевте дека после предавањето на извештајот никој нема да проверува? Вашето лицемерие, лага и корумпираност не можеа да бидат поочигледни. Конечно маските се тргнати и знаеме дека нити вас нити опозицијата а најмалку вечниот коалиционен партнер воопшто не ве интересира нити природното нити културното наследство на Охридскиот Регион.“
Дали по овој и другите реакции на ГО-ии и граѓаните на Охрид за скрнавењето на градот кој се уште е под заштита на УНЕСКО, останува да се види. Бидејќи, да не заборавиме дека „развојот“ на градот будно се следи од межународниот фактор!!!
Н.Д.