Иако сите ние се придржуваме до правилата за изолација, најтешко е за родителите кои мораат да ги чуваат малите деца во затворено за да ги заштитат и да го спречат ширењето на вирусната инфекција. Засега, единствената „добра“ вест во оваа ситуација е дека децата се најмалку ранлива група, но за жал, тие не се имуни на вирусот.
Студиите и практиките се повеќе го потврдуваат присуството на вирусот кај млади луѓе, како и кај деца под 5-годишна возраст.
Децата изложени на ризик се оние со хронични заболувања на бубрезите, срцето и белите дробови или деца со леукемија кои се изложени на ризик од имунолошкиот систем.
Инаку, здравите деца кои се заразуваат со вирусот корона, обично се или без симптоми или со полесна клиничка слика.
Кои се причините?
“Пред се, имунолошкиот систем е различен кај децата затоа што се во развој. Рецепторите за вирусот може да се разликуваат. Втората причина е што децата имаат многу помалку контакт со вирусот, за разлика од возрасните – тие се во заштитена околина и не одат на работа , до продавница … “, вели педијатарот д-р Андреа Круз.
Трета можна причина е што тие имаат антитела кои ги штитат од вирусот.
Сепак, лекарите предупредуваат на фактот дека иако се со помал ризик не значи дека нема да има негативни последици врз нив доколку дојдат во контакт со вирусот.
Тивки преносители на вирусот
Децата можеби нема да покажат симптоми или ќе покажат само благи симптоми, но тие сепак се закана за остатокот од населението, особено постарите и болните. Ако вашето дете има одредени медицински состојби што не можат да се решат со телефонски консултација со вашиот лекар и морате да појдете кај матичниот доктор, тогаш се препорачува да се испере целата облека во машина откако ќе се вратите од лекар.
За време на изолацијата, ако некое дете е заразено, постои шанса да зарази постар член на семејството бидејќи сите се дома подолг период. Ако имате постар член на домаќинството, важно е да бидете сигурни дека детето не допира никакви валкани површини или дека се дружи со луѓе кои покажуваат симптоми на инфекција.
Лекарите исто така предлагаат неколку чекори што мора да се следат за да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат децата.
Нема играње со пријателите
На сите им е јасно дека на децата им е тешко да ја толерираат изолацијата и неможноста да играат со пријателите и дека ќе го покажат своето незадоволство од тоа. Мора да ги разберете и нив – тешко е за нив да го разберат сето ова.
Ним не смее да им се дозволува да си играат со деца од соседството или во куќата на пријатели, бидејќи за жал ниту едно домаќинство не е безбедно во ова време. Ограничете ги вашите излегувања
Наједноставниот начин за ширење на заразата е преку заразените области. Ако имате заедничка тераса или скалила што ги делите со соседите, или имате игралиште за сите деца надвор од зградата, неопходно е во овој момент да се ограничи движењето на децата.
Важноста на хигиената
Навиките да се допира подот и да се ставаат прсти во уста се навики што треба да ги контролирате и да не дозволите да се повторуваат. Редовно мијте ги рацете и нежно објаснете им дека не треба да се допираат устата, очите и носот.
Информирајте ги децата за тековната состојба
Бидејќи училиштата се затворени, оваа задача зависи од вас. Објаснете им што се случува, зошто е важно да ги следат упатствата и зошто е важно да бидете дома. Ако не знаете како да им објасните што се вируси и како се шират, покажете им еден од цртаните филмови што зборува за овој проблем.
Родителите не смеат да дигаат паника
Кашлањето не е толку невообичаено во зима и пролет, па затоа нема причина за паника, но здравствените работници сепак треба да му објаснат на секој родител за што се интересира по телефон.
С.Н.