сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотСрбите и Хрватите знаат кои лица на крузерот се нивни државјани, ние...

Србите и Хрватите знаат кои лица на крузерот се нивни државјани, ние уште чекаме одговор

Најголем центар на инфекција со коронавирус надвор од Кина е крстаречкиот брод „Дијамант принцез“  закотвен во јапонското пристаниште Јокохама. На него, до моментов од 3700 патници и посада, како што информираат светските медиуми, има 61 лице регистрирано со корона вирусот.

Информација за нас можеби и не толку важна, сметајќи дека Јокохама е далеку од кај нас, а и ние имаме мала веројатност македонски државјани да си дозволат едно такво лускузно патување и да се најдат на еден од најскапите крузери. Но, за беља на крузерот се регистрирани и повеќе лиаод регионот, меѓу кои и тројца од Македонија.

И додека околните држави ги најдоа своите државјани, и тоа не само од тој крузер, туку и од другиот кој е закотвен во Хонг Конг, ние не можеме да дојдеме до информациите за нашите граѓани.

Хрватска што туку информира дека на крузерот закотвен во близина на Јокохама има 6 Хрвати и дека тројца се дел од посадата, а тројца се туристи, како и дека има уште шест други на најголемиот азиски крузер „World dream“. Србија информираше дека од 14 српски државјани на „Diamond Princess“, 12 се дел од посадата, а двајца се туристи кои ги користеле услугите на крузерот. И двете држави имаат редовни контакти со нивните амбасади и 24 часовен контакт.

Кај нас пак, се уште, држвата не може да ја обезбеди таа информација, а камоли да стапи во контакт со некој од лицата кои се на бродот. На твитер страната на „Diamond Princess“ постојано се абдејтираат информации поврзани со карантинот, лицата и активностите што таму се случуваат, а се наведува дека на бродот има 24 часа интернет и дека секој може да контактира со кого сака.

Она што останува нејасно е зошто агенциите за вработување во странство, оние кои посредуваат за праќање на наши граѓани на брод не излезат со бројката колку се пратени и на кои бродови. Ако македонската дипломатија не може да го направи тоа, а се покажува дека не може, тогаш нека побара агенциите да достават листа. На крајот на краиштата тоа се наши сограѓани за кои државата е должна да се грижи.

Јапонскиот министер за здравство штотуку објави дека ако нема регистрирани нови патници со корона вирусот, карантинот ќе биде до 19 февруари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ