дома„Стампа“: Договорот со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ нема да биде продолжен

„Стампа“: Договорот со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ нема да биде продолжен

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година.

Веста ја пренесе италијанскиот весник „Стампа“, повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство.

„Европската комисија, во договор со лидерите на многу земји на ЕУ, одлучи дека договорите со компаниите што произведуваат вакцини (вирусни векторски), кои важат за тековната година, нема да бидат обновени по истекот“, пишува весникот.

Се додава дека Брисел претпочита да се фокусира на вакцините против Ковид-19 кои користат мРНА технологија, како што се вакцините „Фајзер“ и „Модерна“. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ