сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаСтудентите се обиделе да ја заземат Сорбона, интервенирала полицијата

Студентите се обиделе да ја заземат Сорбона, интервенирала полицијата

Полицијата за интервенции во Париз ги растерала студентите кои се обидоа да го заземат Универзитетот Сорбона како дел од протестот против реформата на образовниот систем. Се наведува дека универзитетот објавил дека денеска од безбедносни причини ќе затвори дел од објектите кои се наоѓаат на левиот брег на Сена, по полициската операција минатата ноќ.

АП наведува дека 200 студенти се евакуирани, а потоа неколку стотици се собрале пред универзитетот и упатувале бесни извици на полицијата, но инцидентот завршил мирно. Се потсетува дека на тоа подрачје беше епицентарот на студентските протести пред 50 години, во мај 1968 година, која се смета за клучен момент во поновата француска историја.

Се наведува дека студентите во кампусите низ цела Франција протестираат против реформите бидејќи се плашат дека им се загрозува пристапот до државните универзитети на сите матуранти.

АП наведува дека денес е најавен и штрајк на работниците на француските железници, исто така во насочен против реформите на Макрон, поради што се запрени две третини од возовите во Франција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ