Нова студија објавена во списанието „Нејчр сустејнабилити“ (Nature Sustainability) предупредува дека растечкото човечко присуство на Антарктикот, преку туризмот и истражувачките бази, го загрозува екосистемот на Јужниот Пол и го забрзува топењето на снегот. Имено, бројот на посетители се искачи на повеќе од 124.000 минатата година.
Истражувачи од Чиле, Германија и Холандија поминаа четири години патувајќи повеќе од 2.000 километри низ Антарктикот, мерејќи ги нивоата на загадување, објави денес „Евроњуз“ (Euronews).
Во областите со активно човечко присуство, концентрациите на токсични метали како што се никел, бакар и олово сега се до десет пати повисоки отколку што беа пред 40 години. Т.Р.

