Утре напладне во ДПМ ќе се одржи свеченото доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 г.
Добитници на наградите се:
-Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисија: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски)
-Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“ (награда „Ацо Шопов“, членови на жири-комисија: Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Влада Урошевиќ)
– Иван Антоновски, за книгата за деца „Бакнежи на небото“ во издание на „Едиција Светулка“ (награда „Ванчо Николески“, членови на жири-комисија: Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски, Александра Велинова),
– Наташа Аврамовска, за збирката есеи „Книжевни паметници“ во издание на Институтот за македонска литература (награда „Димитар Митрев“, членови на жири-комисија: Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски, Санде Стојчевски)
– Гордана Јовиќ-Стојковска, за романот „Била једном једна кућа“ во издание на „Слово љубве“ (награда „Мост“, членови на жири-комисија: Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски, Лејла Шериф-Емин).

Овој настан во Друштвото на писателите, со кој ДПМ ќе одбележи 78 години од своето основање, ќе биде збогатен и со настапот на Добрила и Дориан Дуо.