среда, декември 25, 2024
домаНасловна„Светот на колорес“ изработи приказни со аудио поддршка на Македонски јазик

„Светот на колорес“ изработи приказни со аудио поддршка на Македонски јазик

Ако не знаете како да им го пополните времето на децата во деновиве на карантин, приватната градинка „Светот на колорес“  мисли и на тоа. И не само за децата од нејзината градинка, туку за сите дечиња кои сакаат да слушаат бајки. На нивната страна на фејсбук објавија дека сихронизирале и превеле на македонски јазик детски бајки и им ги ставаат на располагање на децата – ем да учат, ем да се забавуваат!

Во споделената информација се вели:

„Со цел да го збогатиме секојдневието на децата, како и да им ги доближиме приказните и светот на бајките, изработивме различни приказни со аудио поддршка на Македонски јазик.“

Линкот на кој можете да ги слушате бајките со вашите деца е следниот
https://www.facebook.com/Svetot-na-Kolores-private-kinder-preschool-1042346315815158/. 

Уживајте со децата!

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ