четврток, ноември 28, 2024
домаЖивотСЗО бара да се испита синдромот на воспаленија што ги напаѓа децата

СЗО бара да се испита синдромот на воспаленија што ги напаѓа децата

Откако почина деветгодишно момче во Франција, во болницата „Тимон Марсеј“, со наод – редок синдром кој веројатно е поврзан со коронавирусот, веднаш се јави и СЗО.

„Итно и многу внимателно треба да го испитаме необјаснетиот синдром на воспаленија којшто ги напаѓа децата“, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој ги повика лекарите ширум светот да соработуваат со националните власти и Светската здравствена организација и да бидат будни и подобро да го испитаат овој синдром што се јавува кај децатаж.

Стотици случаи на редок синдром се пријавени во САД и во Европа, а досега има и неколку смртни случаи.Си-ен-ен исто така објави дека 135 деца се разболеле од овој синдром. Се проценува дека помеѓу 75 и 100 деца во Велика Британија имаат ретка и опасна болест поврзана со Ковид – 19.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ