понеделник, декември 23, 2024
домаНасловнаТЕАТРОСК и Јас, како дел од претставата

ТЕАТРОСК и Јас, како дел од претставата

Пишува: Филип Спировски

Во спарнината на августовската сончевина, низ улиците на Будимпешта, нема застој за туристи од целиот свет. Не е тоа случајно, а продавниците и бутиците светат од најновите модели на производи: од текстилни до технички. Заслепен од сјајот и богатството окулу мене и шашардисан од пешачката врева се движев полека и се обидував да запаметам што повеќе, да меморирам слики да се насладувам од нив во Скопје. Во еден миг погледот ми го привлече споменик на музичар од сивоизлиена бронза како занесено свири на својата љубена прекрасна дама со шешир застаната до него. Ми текна на десетиците споменици по мостовите на мојот град и на нивната стерилна поставеност како ограда. Се прашувам зошто не може и кај нас да се постават овакви интересни статуи, ведри, оптимистички, статуи кои инспирираат. Само што ги заминав речиси допирајќи ги за да се разминам со другите пешаци, морници ме полазија од допирот на статуата. како да мрдна и ме допре. Застанав и ја гледав растреперен. Те музичарот на контрабас, те дамата со шеширот, а тие ни да трепнат.

Хм, што ти е летно сонце си велам, и оп повторно музичарот од бронза како да ја наведна главата да се поклони. Трепкам и се вртам окулу мене. Забележувам долу и една кутија од која светкаат парички. Интересот за сликава која тешко може да се опише дури и со фотографија ми стана опсесивен. Застанав да се соземам од фактот дека статуите на музичарот и дамата се живи. Лесно е да замислам гледајќи во компјутер секаква промена, трик или трансформација.

Но, тука пред мене, пред моите очи ја доживувам трансформацијата од статуа во жива статуа, од бронза во жива материја – во човек. Капак на оваа Фелиниева сцена стави звукот кој го произведе човекот – статуа велејќи: Филип! Па тој го знае моето име! Го гледам и не верувам. Трепкам изненаден, а низ глава молневито ми се вртат слики, имиња… Да, ликот ми е познат, да тоа е Војо! Глеј, а дамата е Милена, неговата сопруга. Мојот пријател и еден од неколкуте пантомимичари во Македонија, а единствен, поточно најдобар, во дисциплината „жива статуа“. (за дисциплината не сум сигурен). Војо – човекот режисер, уметник, боем и творец на „Театроск“. Во разговорот што виртуелно го направивме, а за кој сведочат и неколкуте литри пиво, Војо Цветановски ми раскажува за најновите достигнувања што тој и Театроск ги направија на фестивалот „Сегед“ – прва награда од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи. И дека со ова добија виза за учество на светското првенство за живи статуи за 2019 година кое ќе се одржува во Архем, Холандија. Браво и честитки за Контрабасот…Ова претставува уште еден успех и за Македонија, која не најде за сходно (барем засега) да им се оддолжи соодветно.

Јас, пак, оттогаш шетам со поотворени очи и пошироко гледам на светот околу мене!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ