Кога ќе се спомне тестостерон, повеќето веднаш помислуваат на „машкиот“ хормон. Но, вистината е дека тој е подеднакво важен и за жените – а неговото влијание е многу поголемо отколку што обично се мисли.
Што прави тестостеронот кај жените?
Овој хормон се создава во јајниците, надбубрежните жлезди и ткивата. Тој го поддржува сексуалниот нагон, ја одржува густината на коските и мускулната маса, влијае врз расположението, мотивацијата, распределбата на мастите и дури врз мозочните функции.
Со возраста, особено во пери- и постменопауза, неговото ниво опаѓа, што често се одразува преку замор, намален либидо, промени во расположението, проблеми со сонот или зголемување на тежината.
Знаци на низок тестостерон e намален сексуален нагон, постојан умор и слаба енергија, депресивни или нагли промени во расположение, губење на мускулен тонус, наталожување масти околу стомакот и потешкотии со концентрацијата и меморијата.
Зошто е толку важен?
Истражувањата потврдуваат дека тестостеронот кај жените: ја зголемува издржливоста и физичката сила, ја подобрува менталната јасност и концентрацијата, го штити коскениот систем од остеопороза, помага во контрола на телесната тежина, ја зголемува сексуалната желба и задоволство.
Може ли да се зголеми природно?
Да – со редовно вежбање (особено вежби за сила), квалитетна исхрана богата со протеини и здрави масти (омега-3, јаткасти плодови, авокадо), намалување на стресот, доволен сон и умерено изложување на сонце.
Кај жени со сериозно низок тестостерон, лекар може да препорача хормонска терапија (гелови, креми, фластери). Таа може да помогне во подобрување на либидото, енергијата и расположението, но мора строго да се спроведува под надзор на ендокринолог, бидејќи може да има несакани ефекти.
Тестостеронот не е само „машки хормон“. Тој е клучен за здравјето, виталноста и квалитетот на животот на жените. Неговото одржување во рамнотежа значи посилни коски, подобро расположение, повеќе енергија и поголема животна радост.
А.Н.

