Денес во скопскиот хотел Порта, млади еколози од Охрид, Струга и Скопје присуствуваа на креативна и корисна конференција, со искусни експерти и активисти од областа на екологијата. “Ти можеш сѐ да смениш” е кампањата која почна, а воедно тоа беше и водечкото мото на овој настан, инаку завршен настан во рамки на проектот Power to the People, спроведуван од Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.,а поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел.

На практична обука за тема екологија зборуваа Драгана Велкоска, Гоце Коцевски, Благоја Пандовски, Лазар Ѓуров, Божидар Јововиќ, Владимир Трајановски, Иво Босилков и Горјан Јовановски. Меѓу бројните интересни предавања, совети, пораки, анегдоти и апсурди слушнавме “Младост со активизам е убав спој”,”Испаѓа дека Охрид е една голема дивоградба” се пожали еко експерт од општината во Охрид кому не му давале ни пристап до регистарот ни информации од јавен интерес. “Нека нуркаат подлабоко, можеби ќе најдат и стан во езерото, откако најдоа мебел и када…”.” Некои од нас езерото го третираат како депонија”, “На Лоунли планет Охрид е претставен преку убави фотографии од Канео, но да прошеташ малку надолу што се не ќе најдеш, какво не ѓубре

фрлено”.” Општината им ги надоместила штетите на тие кои нелегално си поставиле платформи. Апсурди, апсурди”.” Не биди минувач, кој оди на плажа. Грижи се за езерото, екологијата, чистотата, остави трага и убава иднина”. Акцентот беше ставен на Охрид и Струга, но беа кажани и примери од еколошки делувања и во Скопје.