сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотТиамин - витамин кој игра клучна улога во заштитата од корона

Тиамин – витамин кој игра клучна улога во заштитата од корона

Тиамин, анеурин или витамин Б1 е една од групите витамини кои се растворливи во вода и се вклучени во многу метаболички процеси во организмот.

Недостигот на витамин Б1 е познато дека е многу чест кај пациенти со многу заболувања на белите дробови. Најновите истражувања покажаа поврзаност помеѓу недостаток на витамин и заболување од корона вирусот.

Ако на организмот не му се обезбеди доволно количество на овој витамин, имунитетот е ослабен и телото станува поранливо и помалку отпорно. Покрај витамините Д и Ц, тиаминот игра клучна улога во борбата против сите инфективни болести. Оваа теза ја отврдија многу лекари и спроведени истражувања.

Витаминот Б1 го намалува ризикот од срцеви заболувања, невролошки нарушувања, дијабетес, се бори со депресијата и лошото расположение. Има поволен ефект врз нервниот систем и имунолошкиот систем.

Недостатокот на витамин Б1 се манифестира со слабост, замор, психоза и оштетување на нервите. Голем дефицит доведува до оштетување на мозокот, срцевите мускули и респираторните органи.

Витаминот Б1 во изобилство го има во овие намирници: квасец (леб, квасни пецива, пиво), трици, нерафинирани житарки, мешунки, ориз, месо, јајца, јаткасти плодови, млеко, зелка, спанаќ, компири и разни други овошја и зеленчук. Честопати, производите од брашно се збогатуваат со витамин Б1.

Препорачана дневна доза на овој витамин за мажи од 14 години нагоре е 1,2 мг, а за жените од 14 години нагоре е 1,0 мг.  А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ