домаТрамп ангажираше нови адвокати за одбрана за процесот на отповикување во Сенатот

Трамп ангажираше нови адвокати за одбрана за процесот на отповикување во Сенатот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за својата одбрана неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот. Трамп синоќа објави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор помладиот. Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно.

Одлуката за ангажирање на нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму.Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовна измама на претседателските избори што ги освои демократот Џо Бајден, наместо да се концентрираат на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е на функција.

Судскиот процес против Трамп за „поттикнување бунт“ по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да започне на 9 февруари. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ