Третото издание на фестивалот на „Џез, world и современа музика” ќе се одржи во Велес од 29 септември до 27 октомври во организација на „АРТ ГЕНЕРАТОР” со финансиска поддршка на Општина Велес, која е основач на фестивалот.
Програмата на фестивалот ќе биде распоредена во 7 фестивалски денови , а и ова трето издание останува интернационално со артисти од Франција, Германија, Финска, Грција, Австралија и се разбира Македонија.
За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.
-Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес – велат организаторите.
Спонзори и помагатели на фестивалот се Tеатар Ј.Х.К Џинот – Велес, Delta-Prom, Different, Europe House Veles, Marquardt, Симит Петрол, Агриа, Infinity Graphics, Printline Pro, Under Consulting, Malina.
Програма на фестивалот:
29.09.2024 (недела)
James Wylie/Egli Katsiki (AUS/GRC) – Спомен Костурница Велес 20:00
Влатко и Лемпи (MKD/FIN) – Europe House Veles 22:00
09.10.2024 (среда)
Александра Спасеска (MKD) – Europe House Veles 19:00
18.10.2024 (петок)
Antez (FRA) – Ликовен Салон Велес 20:00
19.09.2024 (сабота)
Antez (FRA) – Театар Ј.Х.К Џинот Велес – Мала сцена 20:00
25.10.2024
Third World Quartet (MKD), Zoe’s Shanghai (FRA), The Hatchetations (GER) – Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сцена 20:00
26.10.2024 (петок)
Филип Динев/Мартин Ѓаконовски Дуо (MKD/GER), Калата (MKD) – Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сцена 20:00
27.10.2024 (сабота)
Lufthansa (MKD), Данчо Саздов/TDR (MKD) – Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сцена 20:00